Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Започна Етно Фестивал Берово 2026

Берово од синоќа до 29 август е во знакот на традицијата, музиката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Берово од синоќа до 29 август е во знакот на традицијата, музиката и малешевското гостопримство, во рамки на Етнофестивалот „Берово 2026“ и саемот на традиционални производи „Малешевијата на дланка“, организирани во пресрет и по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, заштитничка на градот.

Фестивалските денови го исполнуваат центарот на Берово со фолклор, музика, традиционална храна, рачни изработки и производи од локални производители, но и со гости од земјава и од соседството.

Меѓу гостите се и претставници од збратимената општина Брус од Србија, со која Берово има долгогодишна соработка.

Реклама

-Ние доаѓаме од општина Брус, збратимена општина со Берово. Веќе пола век се дружиме, секогаш едни кај други доаѓаме. Среќен празник и ви благодарам за гостопримството и овој дочек, порача претставникот од Брус.

Градоначалникот на Берово, Петар Ружински, посочи дека градот во овие три фестивалски денови е исполнет со гости и очекува добра посетеност и расположение.

-Берово од 27 до 29 август е домаќин на етнофестивалот ‘Малешевијата на дланка’. Берово е преполно. Тоа се едни од деновите кои Берово ги очекува. Се надевам на добра забава, добра храна и добра посета. Имаме гости од секаде, рече Ружински.

Фестивалската програма во првиот ден опфати настапи на културно-уметнички друштва, концерт на „Синтезис“ и настап на локален диџеј, а плоштадот беше исполнет и со штандови на кои се претставуваат традиционални производи и ракотворби.

На саемот посетителите можат да пробаат дел од препознатливите малешевски специјалитети, меѓу кои качамак, компир салата и боденик, како и домашни производи од мед и други плодови. Посебно место имаат и традиционалните рачни изработки, плетените производи, накитот, украсите и иконите.

Дел од фестивалот е посветен и на традицијата на Ратевските бамбурци, вековниот обичај на маскирање кој годинава е впишан на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО. Посетителите имаат можност да ги видат карактеристичните маски и кожи, но и изложба со фотографии посветени на бамбурците.

Во обраќањето на отворањето беше истакнато дека „Малешевијата на дланка“ не е само фестивал и саем, туку место каде што повторно се среќаваат традицијата и современото творештво, а локалните производи и обичаи ја раскажуваат приказната за Малешевијата.

Градоначалникот Ружински на отворањето посочи дека зад секој изложен производ стојат човек, семејство, труд, знаење и љубов кон она што се создава.

„Кога зборуваме за поддршката на локалното производство, зборуваме и за поддршката на нашите сограѓани, на нашите семејства и на иднината на Берово“, истакна Ружински.

Тој додаде дека Општина Берово ќе продолжи да поддржува манифестации кои го промовираат градот, но и создаваат можности за локалните производители, туристичките работници, угостителите и младите.

„Нашата цел е Берово да биде место кое не се посетува само еднаш, туку место на кое гостите повторно ќе се враќаат“, порача градоначалникот.

На отворањето беше упатена благодарност до учесниците, културно-уметничките друштва, музичарите, производителите, организаторите, институциите и партнерите, како и до Министерството за култура и туризам за поддршката.

Етнофестивалот има и хуманитарен карактер, со порака дека празничната атмосфера и радоста имаат најголема вредност кога се споделуваат со оние на кои им е потребна помош.

Со тридневната програма Берово повторно ја става во преден план малешевската традиција, гастрономија, култура и гостопримство, нудејќи им на посетителите можност не само да ја видат, туку и да ја доживеат Малешевијата.