Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

1.000 загинати во свлечиште во Дарфур – Судан

Над 1.000 луѓе загинаа во лизгање на земјиште што го срамни селото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 1.000 луѓе загинаа во лизгање на земјиште што го срамни селото Тарасин во планините Мара, во Дарфур. Би-Би-Си пренесува дека преживеал само еден човек. Лизгањето на земјиште доаѓа по неколкудневни обилни дождови.

„Суданското ослободително движење“, кое ја контролира областа, апелира до Обединетите нации и до меѓународните организации за помош во пронаоѓањето и откопувањето на телата. Но, пристапот е крајно ограничен поради тековните борби кои се водат во регионот.

Планината Мара е вулкански венец, висок над 3.000 метри. Тоа е едно од ретките скривалишта на цивили во бегство поради граѓанската војна во Судан, што избујна во април 2023 година. Конфликтот доведе до тешка хуманитарна криза. Стотици илјади луѓе загинаа, милиони се раселени, а делови од Дарфур се на работ на глад.