Реклама

Ниски трошоци за контно производство, цената на гопривата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

Економија

Мицкоски: Индустриското производство во jули годинавa порасна за 4,1 процент споредено со истиот месец минатата година

Континуираниот раст на индустриското производство е многу добра вест за македонската економија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Континуираниот раст на индустриското производство е многу добра вест за македонската економија. Индустриското производство во јули оваа година порасна за 4,1 процент споредено со истиот месец минатата година. Јули е првиот индикатор за третиот квартал од 2025 година, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

-Преработувачката индустрија е носечки фактор за порастот на индустриското производство со раст од 7 отсто споредено со истиот месец минатата година. Кумулативно индустриското производство од почетокот на годината заклучно со месец јули  (во првите седум месеци од 2025 година) порасна за 3 отсто споредено со истиот период минатата година, а преработувачката индустрија порасна за истиот период 4,5 отсто. Целосно се менува структурата на македонската економија, се вели во постот од Мицкоски.

Нагласува дека расте бројот на туристи и бројот на ноќевања, расте бруто-домашниот производ, расте цената на откуп на земјоделските производи, расте градежништвото, расте трговијата итн…

Реклама

-Од земја во која криминалот и корупцијата беа секојдневие, а анти националната политика беше заштитен знак за владата, сега сме земја на економски раст, победи и стабилност. Чекор по чекор ќе направиме и многу повеќе. Нема откажување. Патриотска политика на дипломатијата со цел заштита на националните интереси, истакува премерот Мицкоски во својот пост на Фејсбук.