Реклама

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Свет

Самит на Шангајската организација – Путин и лидерите на азиските гиганти во Кина

Претседателот на Кина, Си Џин-пинг, денеска и утре ќе биде домаќин на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Кина, Си Џин-пинг, денеска и утре ќе биде домаќин на лидерите на Русија, Индија, Иран и Турција, заедно со дваесет други евроазиски лидери, со цел да покаже дека во ерата на американските царини и геостратешките тензии е можно поинаков, меѓународен модел на соработка, со Кина во центарот.

Рускиот претседател Владимир Путин изутрината пристигна во Кина, а индискиот премиер Нарендра Моди допатува вчера, што е негова прва посета на Кина од 2018 година – знак на зближување меѓу двата азиски гиганти. Индискиот премиер беше примен од кинескиот претседател.

Самитот се одржува во услови на неколку кризи – трговскиот конфликт на САД со Кина и Индија, војната во Украина, и иранскиот нуклеарен спор, меѓу другите. За време на самитот, Кина има намера да го покаже своето дипломатско влијание, но и воената моќ, претставувајќи се како столб на стабилност во поделениот свет.

Реклама

Путин и неколку други учесници во среда ќе бидат сведоци на демонстрација на воената моќ на Кина, кога ќе се одржи грандизозна парада во Пекинг по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна и победата над Јапонија. На парадата ќе присуствува и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун.