Реклама
Свет

Бројот на невработени во Германија за првпат по 10 години надмина 3 милиони

Бројот на невработени лица во Германија за првпат по повеќе од една…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бројот на невработени лица во Германија за првпат по повеќе од една деценија ја надмина бројката од 3 милиони. Стапката на невработеност се зголеми за 0,1 процентен поен во споредба со јули и сега изнесува 6,4 отсто.

Иако овие бројки не се неочекувани, поради економскиот пад, тие ја нагласуваат итната потреба од реформи за поттикнување на растот и вработеноста, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Портпаролката на Министерството за економија рече дека е неопходна брза акција за создавање стабилни услови, посочувајќи ги како клучни приоритети намалувањето на цените на енергијата, обезбедувањето квалификувана работна сила и намалувањето на бирократијата.