Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Економија

Мицкоски: Имаме над 27 проценти повеќе откупени земјоделски производи споредено со истиот период лани

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од откупот на земјоделски производи, кој како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од откупот на земјоделски производи, кој како што истакна постојано се зголемува, бидејќи колку повеќе се произведува помалку ќе се увезува. Порастот на откупот, според него, исто така, е и показател на тоа дека за оваа Влада земјоделците се приоритет. 

-Многу сум задоволен од откупот на земјоделски производи. Зошто? Затоа што во вториот квартал имаме околу 60-тина милиони евра повеќе споредено со она што беше во минатото. Имаме над 26 – 27 проценти повеќе откупени земјоделски производи споредено со истиот период минатата година, кои што како количина се за седум отсто повеќе споредено со истиот период минатата година, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали е задоволен од извештајот на Државниот завод за статистика за откуп на земјоделски производи по увидот во градежни активности на државниот пат А2, обиколница „Крива Паланка“.

Земјоделците, додаде тој, се еден од приоритетите на оваа Влада.

Реклама

-Тоа го покажавме изминатите 14 месеци, веќе е 15-тиот месец како што сме избрани како Влада и во таа насочка очекувам да продолжиме и во иднина, затоа што производството на храна ни е исклучително важно, бидејќи колку повеќе произведуваме, толку помалку увезуваме, рече премиерот.

Македонија, нагласи тој, во минатото беше позната како земја производител и извозник на храна, особено на земјоделски производи, така и ќе продолжиме во иднина, главен фокус во нашиот периметар да бидат земјодејците.