Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

Бројот на жртви од рускиот напад врз Киев се искачи на 23 лица, меѓу кои и четири деца

Бројот на загинати по руското гранатирање на Киев се искачи на над…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бројот на загинати по руското гранатирање на Киев се искачи на над 23 лица, соопшти Државната служба за итни ситуации на Украина. Меѓу жртвите има четири деца. Нападот предизвика штета на просториите на делегацијата на ЕУ и на Британскиот совет.

Путин избира балистика наместо вистински чекори кон мир, вели украинскиот претседател.

„Овој удар јасно покажува дека целите на Русија навистина не се променети. Тие сакаат да се борат и го напаѓаат не само нашиот народ, не само нашите градови, нашите заедници, Русија сега го напаѓа и светот кој бара мир. Ова е удар врз Украина, ова е удар врз Европа, ова е исто така удар на Русија врз претседателот Трамп и други глобални актери“, изјави Зеленски.

Реклама

Меѓународната заедница го осуди нападот. Западните лидери го обвинија Путин дека ги одолжува мировните напори и избегнува сериозни преговори, додека руските трупи се движат подлабоко во Украина. Портпаролката на Белата куќа вели дека двете страни се предолго во војна. Последниот напад ја става под прашање средбата Путин – Зеленски, на која инсистира американскиот претседател.

Од Кремљ соопштија дека остануваат заинтересирани за продолжување на мировните преговори и покрај воздушниот напад, кој беше еден од најголемите од почетокот на војната во 2022 година.