Реклама

Ниски трошоци за контно производство, цената на гопривата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

Економија

Трипуновски најавува нови мерки за млади земјоделци и поддршка за модернизација

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски вели дека продолжува интензивната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски вели дека продолжува интензивната поддршка за модернизација на земјоделството, при што посебен акцент се става и на младите земјоделци.

– Како Министерство работиме во делот на модернизација на земјоделството, веќе се објавени низа јавни повици кои што значат стимулација на македонските земјоделци. Покрај стандардните и редовните ИПАРД објави за набавка на механизација, преку националните програми објавивме серија јавни повици, истакна министерот Цветан Трипуновски.

Како што пренесуваат од МЗШВ, министерот посочи дека еден од највпечатливите повици е т.н. мерка 50-50, со која Министерството кофинансира набавка на модерна земјоделска механизација.

Реклама

-Првиот јавен повик од националните програми кој го објавивме е во делот за набавка на механизација, тоа е познатата мерка меѓу земјоделците како 50-50, каде што кофинансираме набавка на модерна механизација, појасни министерот.

Дополнително, реализирани се и  повици за приклучна механизација, како и за набавка на современи системи за заштита на земјоделските производи од климатските промени.

– Тука би сакал да го споменам и јавниот повик за инвестиции за набавка на опрема за производство на храна од животинско и неживотинско потекло, тоа е за малите семејни бизниси. Во овој јавен повик се и инвестициите за производство на вино и алкохолни пијалоци од помал обем. Значи преку овие јавни повици даваме финансиски средства за набавка на опрема и машини кои што ќе значат модернизација и подобрување на постојните капацитети, рече министерот Трипуновски.

Тој информираше дека на јавниот повик за млади земјоделци пристигнале 254 апликации, од кои одобрени се 117.  Нагласи дека ова претставува само една од мерките што досега се реализирани, а во наредната година ќе бидат објавени и нови програми наменети за младите земјоделци.

-Клучот на иднината во земјоделското производство во Македонија, регионот и во светот е внесување на свежа енергија, односно млади луѓе кои што ќе започнат да се занимаваат со земјоделство, истакна Трипуновски.