Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

Четири деца меѓу 17-те загинати во денешниот руски напад врз Киев, оштетена и зградата на мисијата на ЕУ

Градоначалникот на Киев, Витали Кличко, го прогласи петок за Ден на жалост…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Киев, Витали Кличко, го прогласи петок за Ден на жалост по денешниот руски воздушен напад, во кој загинаа најмалку 17 луѓе, меѓу кои и четири деца. Тој кажа дека продолжува спасувачката операција во округот Дарницки, каде што делумно се урна една станбена зграда во која живееле 120 луѓе. Првите експлозии во центарот на Киев се слушнале во три часот, а вториот бран напади уследил во 5:30 часот, при што биле погодени повеќе од 20 локации. Шефот на воената управа на Киев, Тимур Ткаченко, изјави дека се повредени најмалку 48 луѓе.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска соопшти за нови санкции против Русија по синоќешниот ракетен и напад со дронови врз Киев, во кој беше оштетено седиштето на делегацијата на ЕУ во украинскиот главен град. „Синоќешниот напад покажува дека Кремљ нема да запре пред ништо за да ја тероризира Украина, неселективно убивајќи цивили – мажи, жени и деца, па дури и гаѓајќи ја Европската Унија“, рече Фон дер Лајен во соопштение за медиумите. Таа објави дека ЕУ ќе продолжи да врши максимален притисок врз Русија. „Ова значи заострување на нашиот режим на санкции. Наскоро ќе излеземе со 19-тиот пакет строги санкции. Паралелно, напредуваме во работата на замрзнатите руски средства за да придонесеме за одбраната и обновата на Украина“, додаде Фон дер Лајен. Таа објави дека утре ќе започне повеќедневна турнеја низ седум земји-членки „кои ги зајакнуваат и заштитуваат нашите надворешни граници со Русија и Белорусија“.