Реклама

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Свет

Зеленски: Путин се обидува да избегне преговори

Украина ќе биде што е можно поподготвена за разговори со Русија за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Украина ќе биде што е можно поподготвена за разговори со Русија за завршување на војната, уверува украинскиот претседател. Според Зеленски, Путин сè уште се обидува да ги избегне преговорите.

Во меѓувреме, Киев призна дека силите на Москва влегле во клучниот регион Днепар, а напредувањето е прв напад од голем обем во индустриска провинција. „Оваа недела ќе има контакти со Турција, со земјите од Заливот, со земјите од Европа, кои можат да послужат како платформи за разговори со Русите. Од наша страна, сè ќе биде што е можно поподготвено за да се стави крај на војната. Важно е партнерите да го потврдат ова. И во иднина, сè ќе зависи исклучиво од волјата на светските лидери – првенствено од САД – да извршат притисок врз Русија“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Највисокиот руски дипломат, Лавров, изминатата недела јасно стави до знаење дека Путин нема да се сретне со Зеленски сè додека Украинците не се согласат со некои од долгогодишните барања на Москва за прекин на конфликтот.

Реклама

Американскиот претседател со став – сите се преправаат. „Не е важно што велат. Сите се преправаат. Сето тоа е глупост“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД. Шефот на Белата куќа претходно вели дека е подготвен да воведе економски санкции врз Русија доколку претседателот Путин не се согласи на прекин на огнот.