Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

Трамп размислува за санкции за членки на ЕУ – Законот за дигитални услуги ја гуми слободата на говор на интернет

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува можности за санкции против претставници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува можности за санкции против претставници на Европската Унија и земјите-членки кои го спроведуваат законот за дигитални услуги, бидејќи смета дека регулативата ги цензурира Американците и ги зголемува трошоците за американските технолошки компании.

Се претпоставува дека санкциите би можеле да вклучуваат визни ограничувања. Конечна одлука за видот на санкциите се уште не е донесена. Европската Унија го воведе законот за дигитални услуги за да создаде побезбеден интернет простор. Големите платформи мора да бидат поефикасни во отстранувањето на нелегалната содржина – од говор на омраза до материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца. Европската комисија нагласува дека регулативата не ја загрозува слободата на изразување, туку ја штити.