Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

🎥За една година просечната плата во Македонија пораснала за над 8 проценти

Расте просечната плата во Македонија. За една година  пораст од речиси  3000…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расте просечната плата во Македонија. За една година  пораст од речиси  3000 денари. Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, просечната нето плата за месец јуни е зголемена за  над 8 отсто за  истиот период лани. Оваа година изнесува  речиси 45 500 денари, што е значително зголемување во споредба со лани кога изнесувала 42 000 денари.

„ Зголемувањето се должи, пред сѐ, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14.7 проценти, Дејности на здравствена  и социјална заштита за 12.7  проценти и Рударство и вадење камен за 12.2 проценти“, соопштија од државниот завод за статистика.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 7.5 проценти, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 4.3 проценти и Транспорт и складирање за 2.1 процент

Реклама

Ставот на Владата е  дека платите постојано треба да растат и дека се работи токму на тоа.

Инаку во јуни пред 10 години просечната плата била22 илјади денари, што покажува дека за една деценија просекот пораснал повеќе од двојно.

Статистика објави дека во јуни просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 68 340 денари