Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Бизнис

🎥 Започна со работа новата хала на „Амфенол“ во Кочани

500 нови работни места планира и отвора кочанската компанија „Амфенол“. Во присуство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

500 нови работни места планира и отвора кочанската компанија „Амфенол“. Во присуство на претседателот на Владата, компанијата отвори нова хала, а дополнително се прави уште една – што ќе биде во работен процес веќе следната година. Тоа значи дека во првата фаза ќе се вработат 300, а веќе во втората уште околу 200 нови луѓе. Мицкоски гледа партнер во бизнис заедницата, а кочанската компанија ја издвои како додадена вредност во остварувањето на целта на владата: нови работни места и враќање дома на тие кои ја напуштиле Македонија.

“За време на посетата можевме да видиме сето она коешто тука се работи. Станува збор за исклучително висока технологија, со голема додадена вредност на производот, тоа што нас ни е важно, бидејќи додадената вредност практично влијае врз бруто домашниот производ. Од тоа што разговаравме со директорот, во новите две хали, зборувам за оваа којашто сега ја гледате позади нас, којашто е во фаза на изработка и таа што догодина ќе започне, ќе имаме исклучително висока технологија, којашто одговара на најсовремените технолошки процеси. Така што, јас сум навистина задоволен што можам да кажам дека како Влада поддржуваме директни инвестиции, домашни, странски инвестиции, не само преземајќи го институционалниот ризик, туку и финансиски”  вели премиерот Христијан Мицкоски.

Директорот на „Амфенол“ нагласи дека за нив, како странска инвестиција, е многу важно што има разборање и соработка со надлежните- бидејќи за странско инвестирање на постојните и нови компании од надвор е исклучително важна стабилната бизнис клима.

Реклама

„Амфенол“ во моментот има безмалку 3200 вработени, а со новите хали бројката ќе стигне до околу 3700. Американската корпорација се занимава со производство на кабли за автомобилската индустрија и антенски структури за базните станици.