Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

ВРЕДИ: ДУИ е алатка на Белград и промотор на српскиот капитал во Македонија

ДУИ одамна престана да биде партија што ги штити интересите на Албанците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ одамна престана да биде партија што ги штити интересите на Албанците во Македонија. Под нејзино водство, земјата беше преплавена со сомнителен српски и црногорски капитал, отворајќи го патот за опасно економско и политичко влијание од Белград. Во јули 2021 година, кога Бујар Османи беше министер за надворешни работи, додека клучните економски ресори, како што се економијата и финансиите, беа во рацете на луѓе блиски до Али Ахмети, ДУИ даде зелено светло на српската компанија МТЕЛ да влезе на нашиот пазар. Без нивно одобрение, оваа компанија немаше да добие никаква лиценца, се наведува во соопштението на ВРЕДИ.

Истата влада, под влијание на ДУИ, дозволи српскиот и црногорскиот организиран криминал да влезе во индустријата на казината во Македонија. Од три доделени лиценци, две завршија во рацете на сомнителни компании од Србија и Црна Гора. Денес, кога ДУИ лицемерно зборува за опасноста од српскиот капитал, граѓаните треба да се сетат дека тие беа оние што ги отворија вратите и го донесоа овој мрачен капитал во земјата. Документирани се најмалку 11 средби на Бујар Османи со српски функционери, додека нема средба со претставници од Косово. Како престседавач ОБСЕ, неговата политика беше во согласност со интересите на Белград, а на штета на Приштина. Ова е јасен факт дека ДУИ не ги претставува албанските национални интереси, туку дејствува како алатка на српската дипломатија.

Во 2025 година, ДУИ отворено се обидува да ја дестабилизира државата, водејќи политика на уцени и блокади. Оваа стратегија служи само на Србија и сериозно ја загрозува евроатлантската ориентација на Македонија.

Реклама

ДУИ е партија која го продаде достоинството на Албанците за лични и клански интереси. Тие го донесоа „српскиот свет“ во срцето на земјата, го воведоа МТЕЛ, дозволија пенетрација на српските подземни структури во локалните казина и, преку Бујар Османи, работеа за Белград и против Косово.

Но, граѓаните сега ја разбраа вистината. ДУИ повеќе не е обединувачка сила за развој, туку партнер на српската политика која има за цел да ја ослабне и дестабилизира Македонија.

ВЛЕН ќе продолжи јасно и гласно да застанува против оваа антидржавна агенда, бескомпромисно бранејќи ги евроатлантските вредности и националните интереси на Албанците во Македонија.