Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен, благодарност до пожарникарите 

Денеска заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување се наоѓаме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување се наоѓаме во ловиштето Јасен каде што веќе неколку дена вработените во ДЗС, припадниците на специјалните единици во МВР, но и Министерството за одбрана се борат со огнената стихија овде.

Можам да кажам дека делумно е под контрола, иако се уште во позадина дека има огромни јазици на пламен, дејствуваат и воздухопловите, дејствуваат и Ер тракторите заедно со  хеликоптерите. Се надевам дека во најскоро време и овој пожар ќе биде ставен под целосна контрола, иако морам да кажам дека во текот на вчерашниот ден на територијата на Македонија имавме околу 34 активни пожари, од кои 33 се изгаснати. Денеска останатиот дел од територијата е целосно под контрола, немаме активни пожари, иако ситуацијата се менува од минута во минута.

Можам да изразам благодарност до сите оние кои што навистина во овој момент се справуваат прилично успешно, многу успешно со овие огнени стихии. Имајќи ја во предвид состојбата на Балканот, имајќи предвид дека веќе дел од балканските држави имаат загубено за жал и човечки животи, таква е состојбата во Црна Гора, Албанија, Грција, во Турција, соседна Бугарија.

Реклама

Се надевам дека ќе дојде крајот на овие огнени стихии, апелирам на однесување какво што треба во рамки на движењето по шуми, иако тоа е забрането, но од очевидци можам да кажам дека оваа огнена стихија е настаната од удар на гром, според тоа што го слушнавме овдека.

Така што сакам да упатам до граѓаните дека состојбата е под контрола дека се е како што треба до овој момент, иако борбата со огнената стихија овде во ловиштето Јасен продолжува.

И огромна благодарност до сите оние храбри луѓе кои се борат со оваа огнена стихија и која што ја ставаат под целосна контрола.