Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Прилози

🎥 „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ – Мерка за заштита на семејниот буџет пред стартот на школската година

„Помалку трошоци, повеќе за тебе“ – Владата донесе одлука со која цените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Помалку трошоци, повеќе за тебе“ – Владата донесе одлука со која цените на училиштниот прибор треба да се намалат во пресрет на новата школска година, за најмалку 10% во трговијата на големо и за најмалку 15% во трговијата на мало.

Попустот важи за се – од тетратки, ранци, моливи, фломастери, лепила, до калкулатори и ножици.

“Одлуката се однесува на период од 15 август 2025 година до 15 септември 2025 година, а трговците се должни покрај новата намалена цена на производите да ја објават и старата цена која важела на 01.06.2025 година, која цена се зема како базична цена на која се утврдува намалувањето. “- изјавија од Влада.

Реклама

Од Владата велат дека ова е една од мерките со кои се штити животниот стандард.

“Треба јасно и видливо да истакнат плакат кој ќе содржи натпис „Помалку трошоци, повеќе за тебе“,како и натпис: попуст на училишен прибор, од најмалку 15%.“- изјавија од Влада.

Пресметката што ја направи Алфа покажува дека за почеток на учебната година родителите треба да потрошат и до стотина евра за едно дете. Трошоците се поголеми ако тоа е прваче.

Ранците сега се продаваат од илјада до три илјади денари, тетратките чинат од 15 па до 100, гумите 15 до 50, а боите и фломастерите од 100 па нагоре. Кога се ќе се собере сумата и не е така мала.

За разлика од претходните години, овој септември не би требало да има проблем ниту со учебниците. Министерството за образование веќе соопшти дека се обезбедени книги за сите деца и за сите одделенија, вклучително и за странските јазици.

Мила Тодорова