Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Тошковски: Секое непромислено однесување ќе биде санкционирано

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на Фејсбук објави дека нема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на Фејсбук објави дека нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание на социјалните мрежи.

– Овој случај нека биде потсетник дека секое непромислено однесување ќе биде санкционирано, порача Тошковски.

По видео записот што беше споделен на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи соопшти дека се поднесени пријави против лицата кои дивееја со автомобил по скопските булевари.

Реклама

Веднаш биле преземени мерки и активности, а лицата биле пронајдени. Бил извршен службен разговор и против нив, како што се наведува, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

– Против возачот С.З. (20) од Скопје по член 167 став 2 (поради превезување лице на надворешните делови од возилото) и член 225 став 9 (возење без возачка дозвола) од ЗБСП и член 26 став 10 од Законот за возила (управување возило без регистарски таблици), како и против лицето што стои на хауба Р.Ѓ. (19) од Скопје по член 317 став 14 (му дал да управува возило на лице без возачка дозвола) и член 165 став 2 (прави дејствија со кои ја загрозува својата безбедност) од ЗБСП. СВР Скопје презема и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.