Реклама
Балкан

Големи пожари во Турција и Грција, ситуацијата станува алармантна и во Бугарија

Апокалиптични сцени доаѓаат од Турција и Грција – двете земји се на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Апокалиптични сцени доаѓаат од Турција и Грција – двете земји се на работ на катастрофа по серијата пожари проследени со тропски горештини и екстремно високи температури кои во делови од земјите достигнуваат и над 50 степени.

Во Турција, пожарите кои со денови беснеат го зафатија еден од најголемите турски градови – Бурса, каде што огнот зафатил дел од станбените населби. Евакуирани се повеќе од 3.500 луѓе, додека пак во борбата со огнената стихија загинати се најмалку 15 луѓе.

Во исто време, грчката противпожарна служба спроведува сеопфатна истрага за причините за три големи пожари што избија во различни делови од земјата во последните 24 часа, со посебен фокус на оштетувањето на електричната мрежа, соопштија властите.

Реклама

Големи пожари ја зафатија и Бугарија, каде ситуацијата со пожарот кај селото Илинденци е алармантна. Огнот се прошири на повеќе фронтови и веќе четврти ден се води битка со пламените јазици.