Реклама

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Македонија

„Скопје за време на земјотресот и потоа“ – изложба на 62-годишнината од катастрофалниот земјотрес

Во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена изложба во чест и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена изложба во чест и сеќавање на жртвите од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година. Со оваа манифестација, Скопје ја одбележува годишнината од катастрофата во која загинаа 1.070 луѓе, а 3.000 беа повредени.
Поставката ќе биде од траен карактер и достапна за секој посетител во музејот.

Скопскиот земјотрес во 1963 е познат како една од најголемите трагедии во историјата на градот, но истовремено и како шанса светот да ја покаже својата солидарност и да помогне во опоравувањето на заедницата.

Катастрофалниот земјотрес се случи во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останаа без покрив над главата.

Реклама