Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Бизнис

🎥 Македонија бележи стабилен раст на авиосообраќајот – за само шест месеци над 1,5 милион патници на двата аеродрома

Македонија станува се попопуларна дестинација, расте бројот на патници преку двата аеродроми.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија станува се попопуларна дестинација, расте бројот на патници преку двата аеродроми. Во првата половина од годинава преку Скопје и Охрид патувале над 1.5 милион луѓе што е раст од 5 отсто во однос на минатата година.

Според ТАВ Македонија бројот на летови е зголемен за 3 отсто, а растот на опслужени патници е поради новите редовни авиолинии кои се отворени од стартот на годинава. Скопскиот аеродром има годишен пораст за 4,47%, односно во првите шест месеци преку него се превезени вкупно 1.423.039 патници, додека Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид бележи двоцифрен пораст од високи 10,9% од каде се превезени 103.792 од јануари до јуни.

“Задоволни сме што во првите шест месеци годинава бележиме стабилен пораст на патничкиот сообраќај за што придонесоа 8-те нови редовни авиолинии кои ги отворивме од почетокот на 2025 година досега од скопскиот и охридскиот аеродром, во соработка со авиокомпаниите и Владата како наш партнер, велат од ТАВ Македонија.

Реклама

Од ТАВ велат дека продолжуваат да работат на нови авиолинии, а се цели кон шпанското и италјанското крајбрежје, како и кон европските дестинации важни за конекциите на Македонија за економијата, дипломатските и културните врски.  

Само во јуни скопскиот и охридскиот аеродром имале 12 отсто повеќе патници во однос на истиот период од минатата година.  Најфрекфентна дестинација од Скопје е Истанбул.

 Процент на патници од  Меѓународниот Аеродром Скопје

Истанбул                    17,1 %

Базел Милуз               6.6 %
Франкфурт                  5,7%

Цирих                           5%

 Минхен-Меминген     4,6%

 Дортмунд                   4,5%

 Виена                         3,9%

Вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николоски во телевизиско интервју посочи дека забележан е раст на туризмот како резултат на новите 11 авиодестинации што се воведени. Николоски најавува и реконструкција на аеродромот во Охрид кој што бил дивоградба. Сега е покрената постапката за легализација на аеродромот.

Откако сме избрани имаме 11 нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром. Само во мај месец имаме за 101 илјада повеќе туристи отколку во мај месец лани. Туризмот расте со најголемо темпо во државата, 20 % раст има во споредба со минатата година и град број 1 за туризам е Скопје, а Охрид е број 2,  што за мене е логично затоа што начинот на туризам се менува, се повеќе луѓе патуваат да ги видат големите центри, Скопје е веќе на мапата. Добивме и позитивно мислење од УНЕСКО за реконструкција за аеродромот во Охрид и дадов насоки да заврши туристичката сезона и некаде од месец октомври да започнеме да го реконструираме аеродромот”- изјави вицепремиерот Николоски.  

Инаку, од Скопскиот аеродром најмногу директни летови имаме со Германија, Турција, Швајцарија, Италија и Шведска .  Годинава воведен е за нов модел на субвенционирање , Владата сега субвенционира по пристигнат патник.