Реклама
Бизнис

🎥 Скопје – Блаце тргнува од мртва точка, почна изборот на изведувач

Втората фаза од еден од најважните патни правци во Македонија Скопје –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Втората фаза од еден од најважните патни правци во Македонија Скопје – Блаце конечно ќе почне да се гради. Јавното претпријатие за државни патишта го објави повикот за избор на изведувач кој треба да го заврши патниот правец кој ни е главна врска со Приштина, а очекувањата се дека целата процедура ќе заврши до крајот на годинава.

Иако минатата влада требаше да ја заврши целата траса од 14 км за три години од 2020-та година кога официјално стартуваше изградбата, завршени се само два  пред границата со Косово, но и тие не се целосни, односно завршуваат во дупка и не се поврзани никаде. Овој пат е од искличителна важност за економијата и мора да се изгради, потенцира во интервју за Алфа,  директорот на јавното претрпијатие Коце Трајановски.

Го објавивме повикот за доставување на понуди , веќе течат тие 45 – 60 дена и се надеваме дека и таму ќе се избере изведувач до крајот на годината , ние правиме и елаборат за неколку варијанти за ова… рече Трајановски во интервју за Алфа.

Реклама

Паралелно се работи и на завршување на останатите патни правци во државава. Според премиерот Мицкоски интензивно се работи на целата траса на автопатот Кичево – Охрид од кој веќе се пуштени во употреба првите 20 километри  Во изминатите осум месеци на терен биле ангажирани над 1100 работници. Најавите од владата се дека потегот од Климештани до Охрид ќе биде пуштен кон крајот на летото. Интензивно се работи и на пристапните патишта за селата кои се долж трасата како и на решенија за објектите кои се наоѓаат на патот.

Главната траса мислам дека ќе ја завршиме брзо, исто така работиме на пристапните патишта бидејќи има многу живи села.  Правивиме паралелни патишта за тие клучки да се вклучуваат на патот , порача Трајановски.

Според Трајановски на крајот на месецов ќе се објави и тендерот за изградба на Кичево – Букојчани, и пред крајот на годинава се очекува да биде избран изведувач со што ќе може да се работи на изградба од Тетово до Кичево.

Инаку изминатиот период во употреба беа пуштени дел од експресниот пат Градско –Фариш, експресниот пат Страцин – Крива Паланка, . Се реконструираше патот Охрид – Св. Наум  и беше пуштен во потреба Панов мост – Богданци.