Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

СДСМ ги обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за состојбата со пожарите

Од СДСМ, ги отфрлија обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ за потпалувањето на огновите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од СДСМ, ги отфрлија обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ за потпалувањето на огновите низ државата и ги нарекоа ваквите тврдења лудост.

„Поголема лудост, мислам, не може ни да се слушне, ни да се замисли! Зошто? Сетете се дека од моментот кога е формирана Владата на ВМРО-ДПМНЕ секогаш се пласираат теории на заговор: ќе има дестабилизација на државата на есен, ќе се организира дестабилизација на пролет и така натаму. Можеби ова беше интересно за граѓаните на почетокот на формирањето на Владата, но сега, по една година и неколку месеци владеење, се бара решение, нема повеќе одложување на проблемите на граѓаните“, изјави Оливер Спасовски од СДСМ.

Двете страни апелираат до институциите да дејствуваат уште поригорозно кон сите што палат пожари. Во врска со пожарите, Министерството за внатрешни работи соопшти дека има неколку приведени на лице место, последно малолетник во обид да запали кабли во Куманово.