Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Грција испрати два канадери за гаснење на пожарот кај Дојран

Два противпожарни авиони од типот канадер CL-415, испрати Грција за гаснењето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Два противпожарни авиони од типот канадер CL-415, испрати Грција за гаснењето на големиот пожар во селото Николиќ во општина Дојран во близина на границата, што воедно е и втора помош од јужниот сосед во изминатите четири дена.

Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција соопштија дека во 16.53 часот по локално време двата канадери полетале од Солун за да помогнат во справувањето со огнената стихија.

Додадоа дека испраќањето воздушни средства, односно двата канадери е „преку Европскиот механизам за цивилна заштита (UCPM), кој беше активиран по барање од Македонија.

Реклама

Во средата, по билатерално барање од Центарот за управување со кризи до Единствениот координативен центар за операции и управување со кризи на Грција, исто така за пожарот кај Дојран, грчката Влада веднаш позитивно одговори на барањето за помош и испрати два канадери и две противпожарни возила со осум пожарникари.