Реклама
Македонија

Ковачев: Нападот врз Арсовска е јавен личн на бугарски државјанин во Македонија

Бугарскиот пратеник во Европскиот парламент, Андреј Ковачев, денеска изрази сериозна загриженост за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарскиот пратеник во Европскиот парламент, Андреј Ковачев, денеска изрази сериозна загриженост за нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, истакнувајќи дека таа е бугарска државјанка и дека веднаш треба да ѝ се обезбеди правна, конзуларна и морална заштита.

„Ова е уште еден случај на насилство, вознемирување и јавен линч врз бугарски државјани кои имаат високи јавни функции и бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло – само затоа што се изјасниле како Бугари,“ наведува Ковачев во својата објава.

Тој додава дека бугарската држава има обврска да ги заштити своите над 216.000 граѓани во Македонија, кои стекнале бугарско државјанство врз основа на документи за бугарско потекло и се изјасниле како етнички Бугари.

Реклама

„Бугарија е должна да ги заштити нивните права, безбедност и човеково достоинство“, порача Ковачев.

Целиот пост можете да го погледнете на следниот линк:

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска напладне била физички нападната додека извршувала службени задачи во скопската општина Чаир. Според информациите, инцидентот се случил при увид на нелегален објект, веднаш спроти полициската станица во Чаир.

По нападот, Арсовска била пренесена во Ургентниот центар при Градската општа болница „8 Септември“, од каде излезе со шокантна изјава:

„Пред очите на полицајците ме клоцаа и ми се закануваа дека ќе ме силуваат и ќе го убијат целото мое семејство“, изјави градоначалничката Данела Арсовска.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека по пријава на настанот биле приведени две лица, и во координација со јавен обвинител се преземаат натамошни мерки.