Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

ФФМ го започна процесот за измена на Статутот

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), во соработка со УЕФА и ФИФА, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), во соработка со УЕФА и ФИФА, денеска во Скопје го започна најавениот процес на промена на Статутот на Федерацијата.

Формирани се работни групи составени од претставници на ФФМ, УЕФА и ФИФА, кои веќе активно работат на изработка на првичната драфт верзија на новиот Статут. Мариана Трандафир – специјалист за управување со национални асоцијации, Енио Боволента – правен советник за статутарни и регулаторни прашања и Денис Бастари – менаџер на програмата „HatTrick“ се претставници на УЕФА, додека Емили Дом – раководител на активности поврзани со управување на национални асоцијации е преставник на ФИФА. 

Процесот се води согласно домашната законска рамка и регулативите на меѓународните фудбалски тела, со цел да се создаде модерен и функционален акт што ќе ја унапреди внатрешната организација и функционирањето на Федерацијата.

Реклама

Масар Омерагиќ – претседател на Фудбалската федерација на Македонија:

Верувам дека конечно Фудбалската федерација на Македонија ќе направи исчекор напред и ќе започне со процесот на измена на Статутот. Овој процес е едно од нашите последни ветувања и искрено, се надевам дека на почетокот на 2026 година ќе имаме нов, усвоен статут, изготвен согласно реалните можности во нашата држава.

Наша цел е да изградиме вистински фудбал, вистинска фудбалска организација и заедница на локално ниво. Согласно тоа, новиот статут ќе биде завршен чекор во овој процес и ќе биде усогласен со стандардите на ФИФА и УЕФА. Искрено ја цениме вашата поддршка и се надеваме дека нашата соработка во оваа насока ќе биде успешна. Конечно, по повеќе од 15 години, ќе добиеме целосно нов статут, со нова организациска структура и современа систематизација на ФФМ.“

Со овој процес започнува ново, суштинско поглавје за Фудбалската федерација на Македонија, кое треба да обезбеди поголема отчетност, ефикасност и вклученост на сите засегнати страни во фудбалската заедница. Очекуваме инклузивна и продуктивна работа на сите учесници и донесување на документи кои ќе го осигураат долгорочниот развој на македонскиот фудбал.