Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

🎥 Наумовски: Целта на Бугарија не се само уставните измени, туку да го негира македонскиот идентитет

Се покажа  дека Бугарија и натаму од петни жили ќе се бори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се покажа  дека Бугарија и натаму од петни жили ќе се бори да го блокира патот на Македонија кон Европската Унија и дека не се само уставните измени ТИЕ што ја кочат Македонија. Обидите на источниот СОСЕД за оспорување на македонскиот национален идентитет ќе продолжат и во иднина, затоа Македонија мора да се држи до црвените линии. Извештајот од кој беше избришан македонскиот идентитет и јазик покажува дека европската демократија се разнишува и потребно е итно земјите членки да се вратат на шините на европските вредности. Според експертите, Унијата мора да го зачува кредибилитетот, а деккларативната поддршка да се покаже и на дело.

Се покажа дека на Бугарија, не и се целта само уставните измени туку целта е друга, го негира македонскиот идентитет, што нема никаква врска со Копенхагенските критериуми, вели поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, Васко Наумовски.

Но, сепак, и покрај тоа што извештајот беше изгласан без формулациите „македонски идентитет и македонски јазик“, борбата и проактивната дипломатија на власта мора да продолжи. Да се негуваат односите со земјите членки кои ни се пријатели, а со Бугарија да се обидат да воспостават подобри релации за да се најде соодветно решение.

Реклама

Сепак, и покрај се, може да се извелече нешто позитивно од сите случувања во ЕП. Се покажа дека на дипломатски план, владата води борба, и затоа треба и понатаму да негува добри односи со земјите од ЕУ кои ни се пријатели. Што се однесува до Бугарија, потребно е на некој начин да се воспостават добри односи, колку што е можно, да се најде некое решение. Сепак, од нашето членство, сите земји ќе имаат корист, додава Наумовски.

Бугарија успеа во својата мисија, во срцето на Европа да го минира извешатјот со македонскиот јазик и идентитет во него, а најголем дел од европратениците го дозволија тоа. Известувачот Томас Вајц по гласањето порача дека некои бугарски европратеници го киднапирале извештајот за домашни политички цели.

Негирањето на националноста, јазикот и културниот идентитет на еден народ претставува директно кршење на основните европски вредности врз кои почива Европската Унија – почитување на различностите, човековите права и достоинството на секоја нација.