Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Велдкамп: Сакаме да ја видиме Македонија и во ЕУ семејството

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Каспер Велдкамп.

По средбата холанскиот шеф на дипломатијата изјави дека со Муцунски пред две недели седеле еден од друг на НАТО самитот.

-Сакаме да ја видиме Македонија и во ЕУ семејството. Знам дека Македонија посветено работи и тоа го цениме. Најважно е да се достигна Копенхашките критериуми, владеењето на правото, транспарентноста, изјави холандскиот министер Велдкамп.

Реклама

Тој истакна дека на многу начини нашите две држави исто размислуваат.

Министерот Велдкамп го нагласи силното пријателство помеѓу двете земји. Тој истакна дека Холандија останува силен поддржувач на проширувањето на ЕУ, нагласувајќи го принципот на напредок врз основа на конкретни резултати, на што земјата макотрпно работи.

На средбата меѓу Муцунски и Велдкамп била потврдена заедничката заложба за натамошно зајакнување на економските и трговските врски, што беше дополнително реафирмирано и на средбата на Муцунски со холандската бизнис заедница, во рамките на посетата на Холандската агенција за претпријатија.