Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Бизнис

🎥 Мицкоски: Македонија атрактивна за инвеститорите, растот на економијата не е случајност туку резултат на многу работа

Македонија станува се попримамлива дестинација за бизнис. Зголемувањето на извозот, растот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија станува се попримамлива дестинација за бизнис. Зголемувањето на извозот, растот на БДП, растот на индустриското производство се дел од показателите кои укажуваат дека македонската економија полека застанува на нозе.  Странските инвеститори ја враќаат довербата во државава, а тоа се должи на  стабилни политики и вредна работа, порача премиерот Мицкоски по состанокот со Советот на странски инвеститори .

 Двоцифрен број компании сакаат да инвестираат или прошираат инвестиција, а  веќе ќе стартуваат со реализација претходно договорените.  Следната недела  ќе  почне да се гради  големиот ветерен парк од половина милијарда долари, а преговори се водат со компании за инвестиции во автомобилската индустрија, ИТ секторот, логистиката и агро-преработката.  

Движењата во македонската економија во голем дел зависат од она што се случува на глобалниот пазар, пред се во Европската Унија како главен трговски партнер на Македонија.  Во тој контекст не се очекува директно влијание од царините од Трамп, но ќе има влијание врз ЕУ. Премиерот  очекува Македонија да биде на листата земји кои ќе добијат најповолни услови за извоз на американскиот пазар.

Реклама

Советот на странски инвеститори пак го поздравува чекорот за старт на процесот на намалување на домашните царинските стапки за  увозни производи и репроматеријали. За нив е важно што Македонија стартува со меѓународните стандарди во сметководството, како и тоа дека е усогласен законот за минимален глобален данок од 15 %.  На денешниот состанок се разговарало за учество на странските инвеститори во носењето нови закони, како и за нивно место во Економско – социјалниот совет

Во поглед на бранот инвестиции кој се очекува во државава од клучно значење се оние во инфраструктурата. Еден од главните проекти е изградбата на брзата пруга долж Коридорот 10 за која според последните информации има огромен интерес од страна на меѓународните кредитори. Мицкоски вели дека имало понуди од финансиски институции кои до сега не биле присутни во овој дел од Европа, и многу наскоро ќе биде соопштено кој ќе ја гради пругата.