Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Министерот Андоновски оствари средба со амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас

Во просториите на Министерството за дигитална трансформација, министерот Андоновски денес оствари работна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во просториите на Министерството за дигитална трансформација, министерот Андоновски денес оствари работна средба со Амбасадорот на ЕУ во земјава, Н.Е. Михалис Рокас.

Средбата помина во пријателска и конструктивна атмосфера, при што главна тема на разговорот беше претстојниот Дигитален самит на земјите од Западен Балкан, кој ќе се одржи на почетокот на октомври во Скопје.

Министерот Андоновски изрази благодарност на поддршката од страна на Европската Унија за земјава, посебно во делот на дигиталната трансформација како и во целта да се реализира првата „супер владина апликација“, која со помош на грант од ЕУ во висина од 1,2 милиони евра, ќе стане реалност за граѓаните.

Реклама

Министерството за дигитална трансформација активно работи на иновациите, претприемништвото и поддршка на малите и средни претпријатија за дигитална трансформација, преку можностите и програмите што ги нуди Европската Унија.