Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Митева: Нова мерка на Владата со назив „Јавни работи за заштита и превенција од пожари“

Портпаролот на Владата на Македонија, Марија Митева, Стојанче Ангелов директор на ДЗС…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Портпаролот на Владата на Македонија, Марија Митева, Стојанче Ангелов директор на ДЗС и директорката на ЗЕЛС Душица Перишиќ одржаa прес- конференција во Медија центарот на Владата.

– Со особена чест и одговорност имам за цел да зборувам за новата мерка на Владата која што е опфатена со оперативниот план за вработување и е со назив „Јавни работи за заштита и превенција од пожари“. Ова е програма која се спроведува за прв пат во нашата држава. Со оваа мекра како држава правиме исклучителено значаен исчекор. Од реактивна кон проактивна политика во областа на заштитата од пожари и зачувување на животната средина.

Митева потенцира дека наместо да дејствуваме несинхронизирано и окако штетите се направени, денес започнуваме со процес на навремена подготовка, превенција и мобилизација на ресурси и луѓе.

Реклама

-Мерката предвидува вклучување на 400 невработени лица, кои ќе бидат ангажирани во јавни работи со фокус на создавање на противпожарни појаси и други активности за спречување и намачување на ризикот од пожари. Сакам да потенцирам дека секој ангажиран учесник ќе добива месечна финансиска поддржка од 24.000 денари. Сите оние кои што ќе покажат особен интерес посветеност и висока подговвеност по завршување на оваа мерка ќе бидат трајно ангажирани преку нивно вработување во институциите коишто се надлежни за оваа работа, рече Митева.