Додека СДСМ мака мачат да се обединат и да најдат кандидат за градоначалник на Скопје, критиките од нив на адреса на Орце Ѓорѓиевски веќе пристигнаа.
Велат дека „освен секојдневно фотографирање и лажен ПР, Орце Ѓорѓиевски нема ништо реализирано во Кисела Вода“. Од неговата програма, според СДСМ, е реализирано само 20 отсто, со што, како што велат, тој е убедливо најлошиот градоначалник во Скопје.
„Доколку Ѓорѓиевски биде избран за градоначалник на Скопје, истата судбина го очекува и градот: лажен ПР, сликање и измислени проекти — исто како неговиот ментор Мицкоски“, реагираат од СДСМ, посочувајќи на нехигиената во општината, урбанистичкиот хаос и негрижата.
