Реклама

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

Македонија

Андоновска: Пустошот кој го наследивме, нѐ охрабри уште повеќе да работиме за да ги изградиме промените

Во изминатава година дена премиерот, Владата и сите оние кои што ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во изминатава година дена премиерот, Владата и сите оние кои што ги водат институциите, се соочија со низа предизвици. На сите ни е доволно јасно, во каква состојба ги наследивме институциите и што затекнавме. Она што можам да го кажам е дека истото не не поколеба, туку напротив претставуваше мотив да продолжиме уште посилно и обединето заедно со граѓаните, да изградиме едни темели за една држава, подобра, подостоинствена, за сите оние коишто живеат во неа, истакна вечерва Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на средба со граѓани во Аеродром.

Андоновска рече дека во овој период се ставило крај на корупцијата, на криминалот, на расипничкото однесување и на безредието што постоело.

-И покрај нередот што го затекнавме и многу неправилности во работењето успеавме да поправиме многу работи и воедно да направиме многу многу проекти.

Реклама

Јас ќе споменам само дел од нив, а тоа е покачувањето на пензиите на пензионерите, покачувањето на платите на вработените во полицијата, на вработените во образованието, на вработените во здравството.

Зголемување на капитациониот бод за матичните лекари, за стоматолозите. 250 милиони евра за евтини кредити за стопанствениците, достапност на дигитални документи, извадени по електронски пат во повеќе од 120 институции во државата итн.

Денеска сме тука заедно со градоначалникот на Аеродром, во Мичурин, на средба со граѓаните. Овие средби ќе продолжат во сите делови, во сите маала на територија на Република Македонија.

Како што споменав, да бидеме поблиску до сограѓаните, во една партнерска атмосфера, сите заедно, да ја донесеме Македонија на вистинскиот пат каде што ќе можат да се градат вистински вредности за подобра иднина.

Во однос на нашите проекти, како што спомена и Марија, благодарение на поддршката од Владата на Македонија успеваме да реализираме огромен број на проекти во изминатиот период. Истото ќе го продолжиме и во наредниот период со поддршка од Владата на Македонија.

Како Општина се трудиме во соработка со граѓаните да ги утврдиме сите оние приоритети кои што им недостасуваат на граѓаните. И во еден партнерски однос изграден со граѓаните да реализираме што е можно поголем број на проекти.

Како градоначалник се трудам да бидам секогаш достапен на граѓаните и само на тој начин ќе успееме да овозможиме една партнерска соработка, со секој еден граѓанин на општина Аеродром, нагласува Андоновска.