Реклама

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

Македонија

Во молк помина протестниот „Марш за ангелите“ во Кочани

Во молк и без официјално обраќање помина денешниот „Марш за ангелите“ во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во молк и без официјално обраќање помина денешниот „Марш за ангелите“ во Кочани, што го организираше граѓанското здружение „16 март 2025 – Кочани“.

Родителите на починатите во трагедијата во „Пулс“ рекоа дека решиле да молчат додека не добијат одговор на нивните барања до Владата и до Обвинителството за финансиска и институционална помош, како и за аудио и видео снимање на судската постапка.

-Молчи Владата, молчиме и ние, ќе чекаме да видиме што ќе биде во понеделник. Во меѓувреме гледаме премногу напади и обвинувања кон нас на социјалните мрежи. Довербата кон институциите е минимална, само пет проценти, затоа што ни беше кажано дека случајот ќе се расчисти за два месеца, а веќе станаа четири и уште нема ништо. Веројатно ќе си играат со нас уште четири години, рекоа родителите на маршот.

Реклама

Покрај родителите на починатите и членови на семејствата на повредените во трагедијата, имаше и граѓани од други градови во државата, но на денешниот „Марш за ангелите“ видлив беше помалиот број учесници во однос на претходно.

Сепак, од Здружението „16 март 2025 – Кочани“ рекоа дека тоа воопшто нема да ги поколеба во нивните барања за правично судење и за добивање поддршка од државните институции.