Реклама

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

Македонија

Костадинов нема да оди како независен откако го пуштија низ вода: СДСМ, со такво раководство многу е и една општина да се победи

Некогаш, за да си ги видиш луѓето околу себе, не треба повеќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Некогаш, за да си ги видиш луѓето околу себе, не треба повеќе од една реченица. Толку е доволно да го прочиташ пулсот. Да видиш кој што мисли, кој мисли како тебе, кој не мисли воопшто. Да видиш која е вистинската состојба на партијата – има ли таму уште искрени луѓе или само спакувани кариери со фолија за замрзнување, вели градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов по расколот во СДСМ откако партијата не го избра за кандидат за уште еден мандат.

Тој во низа објави изминативе денови го отвори прашањето дали ќе се кандидира како независен, но во најновата објава кажува дека нема да оди како кандидат. На СДСМ им порача дека со такво раководство, многу е и една општина да се победи.

Во продолжение следува неговиот Фејсбук статус:

Реклама

Кога споменав можност за независна кандидатура – без воопшто да одлучам – мислев дека ќе треба барем две недели за да се охрабрат и најголемите глумци да го покажат лицето.
Не. Не им требаа две недели. Им требаа помалку од 24 часа.
Секоја чест на исклучоците – на вистинските другари, чесните, лојалните, тие што навистина сакаат СДСМ да си го врати достоинството.
А раководството?
Раководството си донесе одлука – и покрај мое убедливо водство на сите анкети.
Но, во обид да го убијат разумот, почнаа да пуштаат анкети на Facebook – со лајкови по групи – затоа што веќе не веруваат ни во анкетите што самите ги платиле.
Епа, жално.
Со такво раководство, многу е и една општина да се победи.
Не, јас не одам како кандидат.
Јас се повлекувам во тишина, за да создадам нова визија за СДСМ – партија со авторитет, со план, со луѓе кои разбираат стратегија и знаат дека партијата е жив организам, а не штаб за оговарање.
И да не се лажеме – не сум политички наивен.
Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз.
Брзо го загризаа тој наратив, но уште побрзо ќе го голтнат поразот.
Мојата стратегија ќе биде јасна – и ќе биде поделена во два дела:
Првиот – во септември.
Вториот – по завршување на локалните избори.
До тогаш, правете си анкети по Фејсбук групи.
Дури и тоа нека помогне да се победи барем во една општина.
Јас ќе останам член со замрзнат статус – додека не ги видам резултатите.
После – ќе биде друга песна.
На првиот тест – паднавте.
Во октомври – играјте повнимателно.
Народот не е повеќе глупав.
Политиката е игра на мудрите, изгледа и мудрост и фали на партијата.
Со почит,
Костадин Костадинов
Политичар кој нема изгубено избори
и знае кога е време да се повлече еден чекор,
за да се врати достоинството на СДСМ.

Целиот статус може да го прочитате на следниот линк: