Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Сиљановска Давкова: Предлогот за одложено дејство на уставните измени е извонреден, ништо не губи никој

Предлогот за уставни измени со одложено дејство, експерти и многу челници на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлогот за уставни измени со одложено дејство, експерти и многу челници на ЕУ го оцениле како извонреден. Ништо не губи никој, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова, посочувајќи дека во преговарачката рамка не пишува до кога мораме ние да ги направиме уставните измени.

Во однос на условот за уставни измени за почеток на преговори, Сиљановска Давкова вели дека никаде не пишува време, односно кога ќе влезе тоа во правно дејство.

-Ајде, ние гарантираме со тоа дека под други ќе ги внесеме и Бугарите, а тие нема да не кочат, за да може што побрзо да стапи во сила оваа измена и се разбира ние на тој начин ќе посегнеме по измената, изјави Сиљановска Давкова во емисија на една од националните телевизии.

Реклама

Таа нагласи дека како тогашна опозиција не биле консултирани и не ја виделе Преговарачката рамка и заклучоците за Францускиот предлог и дека доколку тогаш се повикувало на единство со опозицијата поинаков ќе бил односот.

За тоа дали се уште верува дека може да се променат овие заклучоци, Сиљановска Давкова, рече дека не може да каже, но и дека не може да прифати да ги повикува пратениците да гласаат за нешто што е спротивно на Договорот за ЕУ и на Лисабонскиот договор.

-Имам повеќе предлози, може интерпретација, упатство, во духот на она што е најважно – Копенхагенските критериуми, дека тие може да бидат основ за вето, меѓутоа разговори за историја, за идентитет, за култура, согласувања, несогласувања, апсолутно не може да бидат услов, изјави Сиљановска Давкова.

Прашана за средбите со бугарскиот претседател Румен Радев и бугарскиот премиер Росен Жељазков, и дали тие имаат разбирање за нашите загрижености како држава, претседателката рече дека не би се среќавала по вторпат со некого, ако не манифестира почит и интерес.

-Политиката кога имате проблеми е дипломатија. Не е тоа гласање. Значи, да, важно е прво да ве сослушаат, да ги образложите вашите аргументи, сигурно тоа кај секој соговорник со добра намера ќе предизвика размисла. Инаку не би разговарала, изјави Сиљановска Давкова.

Таа вели дека е свесна за декларациите во бугарскиот парламент, но дека на овие средби го кажува и објаснува своето мислење.

– Се разбира, тие ќе ве сослушаат и ќе ви речат дека декларација е донесена, меморандуми и т.н. Ако немало логика во нашиот однос, и во оној на премиерот и во мојот, тогаш немаше претседателот на Европскиот совет да рече дека мисли оти е добро да се состанеме заедно да разговараме, изјави Сиљановска Давкова.

Но, ако некој вели дека ова не е билатерално прашање, тогаш, посочува претседателката, зошто ЕУ не се вклучи. -Јас тоа го очекував и затоа не коментирам, слушам што се случува, но се разбира не мислам дека ова е добро и не мислам дека интерпретациите од сите дека ние измислуваме проблеми таму каде што ги нема и дека прашањето за името е решено одамна… видете проблемот постои, кој не го гледа, не сака да гледа, инаку не би се нашол во Извештајот, изјави Сиљановска Давкова.