Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Стаменкоска Трајкоска: Владата одговорно управува со финансиите и ги насочува средствата кај граѓаните

На денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието, се обрати пратеничката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието, се обрати пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска која на самиот почеток истакна дека буџетот покажува дека Македонија има одговорно управување и дека во Македонија има јасна стратегија за тоа каде се насочуваат парите.

„Денес не расправаме само за ребаланс на буџет, расправаме за сигурна можност, можност која дава надеж дека конечно во Македонија, има одговорно управување, дека конечно Македонија не се чека кризите да не затекнат со играње фудбал, возење мотори по планини, и безделничење на државна сметка по белиот свет, туку да се работи со план и визија, дека конечно во Македонија се има јасна стратегија да се насочуваат парите таму каде што најмногу треба, кај граѓаните“, рече Стаменкоска Трајкоска.

Заради сета посветеност и одговорност од страна на Владата пратеничката истакна дека приходните се зголемени за 8,6% и дека буџетскиот дефицит останува стабилен.

Реклама

„Заради сета оваа одговорност, посветеност и тимско работење ние имаме за првите пет месеци од 2025 година зголемени приходи за 8,6%, расходите за 5,1%, буџетскиот дефицит останува стабилен на 4%. И ова не е само статистика туку ова е решителност да се остварат предизборните ветувања дадени на граѓаните“, објасни Стаменкоска Трајкоска.

Пратеничката наброи клучни ставки од ребалансот и нивната примена.

„Се издвојуваат дополнително 800 милиони денари за зголемување на пензии, дополнително се зголемуваат 2,5 милијарди денари повеќе за капитални инвестиции се издвојуваат 300 милиони денари. Со овие зголемувања не се зголемува само мотивацијата, сигурноста кај граѓаните туку се зголемува и довербата дека конечно нешто се менува кон подобро. Клучни ставки во ребалансот ќе издвојам: Инфраструктура, пренаменети се дополнителни средства за изградба и реконструкција  за патишта и мостови, образование и здравство, се доелуваат средства за современизација на училници и опрема и дигитализација, дополнително се обезбедуваат средства за навабка на медицинска опрема во јавните здравствени установи, поддршка за стопанството, нови субвениции и финансиски поддршки посебно во ИТ и зелената енергетика. За ранливите категории, социјално загрозените граѓани и лица со попреченост значително зголемени се средствата за субвенции и социјални услуги“, децидна е Стаменкоска Трајкоска.