Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Бизнис

Економијата оди напред – нова странска инвестиција од 30 милиони евра која ќе донесе 300 нови работни места

30 милиони евра и нови 300 вработувања ќе отвори инвестицијата од американски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

30 милиони евра и нови 300 вработувања ќе отвори инвестицијата од американски Гентерм. Производителот од автомобилската индустрија, кој со успех работи во ТИРЗ Прилеп очигледно дека е задоволен од бизнис климата во државава, па го проширува производството. Станува збор за глобален лидер за високоинтегрирани системи во автомобилската индустрија, кој работи со нова технолошка опрема, автоматизирани линии и современо производство. Според премиерот Мицкоски ова е доказ дека Македонија станува се поатрактивна локација за бизнис

 “Денеска испишуваме уште една важна страница во современата економска приказна на државата. Ја објавувам новата инвестиција на Гентерм – глобален лидер во автомобилската индустрија кој покрај веќе постоеката инвестиција во Прилеп, почнува со план за процес на проширување на производството токму овде.” – изјави Мицкоски.

Потврда за добрите економски политики се и бројките. Забележан е раст на индустриското производство, а во мај е постигнато ниво од 9,4 %. Минатата година се забележа раст странските инвестиции од 1 милијарда и 255 милиони евра, а најдобар беше последниот квартал. Според надлежните со новата инвестиција Гентерм ќе ќе го зголеми извозот од Македонија, што ќе влијае позитивно на економијата

Реклама

Планот на Владата е да продолжи политиката на привлекување инвестиции, како една од клучните за долгорочен забрзан раст на економијата. Паралелно, фокусот е ставен и на поддршката на домашното стопанство кое почна да покажува подобрени резултати што се отслика во последните статистички податоци.  

Инаку во првиот квартал од годинава економијата порасна за 3.2%, што ја рангираше Македонија меѓу четирите најдобри во Европа. Трендот се очекува да продолжи. Проекциите во ребалансот се дека до крајот на годинава растот треба да достигне 3.7 отсто.