Реклама

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

Македонија

Андоновски: Дигиталниот паричник за граѓаните е опција, не обврска

Македонија се обидува да биде пионер во регионот со воведување на „дигитален…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија се обидува да биде пионер во регионот со воведување на „дигитален паричник“, кој всушност значи дека сите лични документи граѓаните ќе можат да ги имаат на едно место, истакна вечерва министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

-Ова е еден новитет и со тоа сакаме да покажеме дека можеме да бидеме пионери во поширокиот регион и да направиме голем чекор напред. Дигиталниот паричник е опција, алтернатива, а не обврска – за никого нема да биде задолжителен, рече Андоновски.

Како позитивен пример ги наведе Украина и Полска.

Реклама

-Тоа е електронска верзија на нашите лични документи, а ние сакаме да изградиме супер апликација по примерот на Диа во Украина и Емобиле во Полска. Апликацијата треба да ги содржи и клучните услуги за граѓаните, со цел сите важни услуги и лични документи да бидат достапни електронски, на едно место – во една супер апликација, посочи Андоновски

Нагласи дека тоа изгледа тешко, но и дека не е невозможно, бидејќи, како што рече, ги имаме сите потенцијали за развој и преку 1.000 студенти кои што излегуваат од факултетите за информатички науки секоја година.

Најави дека тестирањето е планирано за октомври, а во текот на 2026 година дигиталниот паричник ќе им биде презентиран на граѓаните.

-Целата операција на преземање податоци треба да се реализира во соработка со Министерството за внатрешни работи, додаде Андоновски.