Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Уште една партија ја напушта Коалицијата на СДСМ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на партијата, Илија Николовски, ова е по желба на членството, односно околу 90% од истотот се изјаснило дека сакаат да бидат во коалиција со Власта.

-Ние како партија на пензионери бевме до сега во коалиција со СДСМ. Имаме извршен одбор, имаме централен одбор расправавме на таа тема и од 100 луѓе, неколку се изјаснија дека треба да бидеме самостојни, ниту еден не се изјасни дека треба да останеме со СДСМ, а 90% се изјаснија дека се за коалиција со актуелната власт. Желбата на членството е да одиме со актуелната власт, вели Николовски.

За престојните Локални избори Партијата на пензионери ќе имаат свои листи за советници, во Штип, Делчево, Пехчево, а во Општина Карбиници ќе имаат и свој кандидат за градоначалник. На ниво на државата ќе бараат министерски места и директорски фотелји.

Реклама

-Ние имаме кандидати, ќе предложиме во Штип да имаме советник, во Карбинци имаме и кандидат за градоначалник, ќе бараме во Делчево, во Пехчево, вели Николовски.

Како што посочи Николовски, очекуваат поголема вклученост на членови во партијата со цел да се изнесат барањата на пензионерите, како и повеќе советнички места во општините.