Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Бизнис

„Вин-вин“ ситуација- Договорот за железницата со Бугарија според експерите е стратешки значаен

Согласноста Македонија и Бугарија заеднички да го изградат прегуграничниот тунел од пругата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Согласноста Македонија и Бугарија заеднички да го изградат прегуграничниот тунел од пругата која треба железнички да ги поврзе државите е добра вест од повеќе аспекти.

Тоа што после неколку месечни одбегнувања од Бугарија  министерот Николоски и неговиот колега Караџов постигнаа договор и се согласија на барањето од Македонија заедно да се гради тунелот, а дополнително Бугарија да инвестира во целиот коридор за експертите е вин – вин ситуација.

Коридорот треба да ги поврзе Јадранското и црното море преку Македонија и тоа од економска точка е клучно за транзитот на стоки. Од друга страна за нашата држава ова е од стратешка важност бидејќи ние сме природна раскрсница на коридорите 8 и 10, а третиот аспект е политички бидејќи изградбата на коридорот е и препорака на НАТО алијансата, а Европската унија става важен акцент на развојот на железничката инфраструктура.

Реклама

Прво не треба да заборавиме дека на самитот на НАТО имаат препорака обврска овој коридор да го изградат. Првиот момент , ЕУ дава посебно значење на железничкиот транспорт , Македонија е место каде се вкрстуваат коридорот 8 и 10 и политичкиот аспект е многу значајно да се изгради во целина, вели Зоран Јолевски –  поранешен амбасадор на Македонија во Соединетите Држави

Средствата кои Бугарија  се согласила да ги инвестира во целиот коридор се  1 и пол милијарда евра. Дополнително Николоски и Караџов се согласиле да испратат експерти да учествуваат на состанокот за Коридор 8 што го организира Европската Комисија во јули, што ја покажува важноста на коридорот за ЕУ.

Очекувањата се дека Бугарија ќе  го исполни она што сега веќе стана обврска и договорот кој беше соопштен вчера ќе биде потпишан и реализиран токму затоа што Европа дава многу внимание на изградбата на коридорот.

Очекувам овој договор ќе се потпише бидејќи има повеќе димензии овој коридор, тука не треба да се запостави безбедносното прашање, не е овде само прашање односнот само меѓу Бугарија и Македонија, едно од главните приоритети е зелената агенда, Европа многу дава внимание,,,, ова е вин – вин ситуација, вели Јолевски – поранешен амбасадор на Македонија во Соединетите Држави

Претходно, Бугарија инсистираше ние први да го започнеме и завршиме нашиот дел од тунелот во планина на самата гранична линија, без никакви гаранции дека работата од нивна страна ќе биде завршена,.  Ревидирањето на проектот се случува откако министерот Николоски откри дека првиот проект предвидувал пругата да заврши во тунел без крај, а истиот да чини 24 милиони по километар.

Инаку, во Македонија веќе е пуштена во употреба првата фаза од Куманово до Бељаковце, треба да се заврши втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка.