Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Огромен интерес за владиниот оперативен план за вработување на младите

Новиот оперативен план на Владата за вработување на млади вреден 40 милиони…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот оперативен план на Владата за вработување на млади вреден 40 милиони евра,не само што ќе ја намали невработеноста и ќе обезбеди подобар живот за граѓаните,туку ќе го спречи и одливот на мозоци и работна сила од државава,што е рак рана на сите земји од регионот.

Македонија превзема сериозни мерки за да ги задржи младите дома. Планот кој опфаќа мерки за самовработување на лица до 29 години, но и над 29 години, како и поддршка за фирмите при вработување на лица,е досега најголем по опсег дури 7,5 милиони евра повеќе од лани.

Интересот посебно кај младите е огромен,тие се подготвен да свртат нов лист и да си обезбедат сигурна иднина.

Реклама

„Во денешницава е многу тешко,со занает да се почне е тешко. Мојата желба е да отворам сопствен бизнис и да се бавам со козметика. Kолку време си без работа? Шест месеци. Тешко се функционира без сопствени пари? Да”-вели охриѓанката Ивона Ристеска.

Секој почеток е тежок,младите кои се заинтересирани за отворање на занаетчиска фирма прво прашуваат дали има субвенции,оти отворањето на занаетчиски дуќан денес е луксуз, само подмирувањето на месечните трошоци надминуваат сума од 30.000 денари,вели претседател на Регионална занаетчиска комора Охрид.

„Сите потенцијални кандидати за отворање на занаетчиска фирма прво прашуват дали има субвенции, дали има некои поволности за отворање и регистрација на нова фирма. Најпроблематично е занаетчиството последниве години бидејќи со отворањето на неколкуте фабрики за производство на резервни делови за автомобили голем дел млади заминаа таму за пристојни плати реално да зборуваме“, вели Сашо Богоески, претседател на Регионална занаетчиска комора Охрид.

Сепак ова е една од најатрактивните мерки до сега,лицата кои ќе бидат избрани за отворање на бизнис ќе може да користат до 10 илјади евра, над 29 години до 7 илјади евра. Досега има рекорден број на апликации, преку 6000 апликации на ниво на Македонија.

„Ние како Влада и Министерство за економија и труд преку вакви мерки како Оперативниот план, преку одредени законски измени и решенија кои се во тек и ќе следуваат во иднина гледаме да овозможиме што повеќе невработени лица да се вработат и поголем дел од младите луѓе кои се работоспособни, а се помалку ги има на пазарот на трудот, да ги задржиме во Македонија”-вели Марјан Ристески, заменик министер за економија.

„Интересот за овие мерки е голем,цела зима постојано доаѓаат невработени лица, се интересираат и работавачи за мерките”, вели Мирјана Влаоска, Центар за вработување Охрид
Инаку, согласно Оперативниот План за 2025 година предвидено е да се вклучат вкупно 16.057 невработени лица на ниво на држава.

Освен за младинско самовработување,има мерки и за вработување на 400 пожарникари,што е од големо значење посебно во лето.