Реклама

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Македонија

Извештајот на Вајц за напредокот на земјава денес пред европратениците

Премиерот Христијан Мицкоски минатата недела рече дека би бил најсреќен човек на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски минатата недела рече дека би бил најсреќен човек на светот доколку Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент го изгласа извештајот за напредокот на Македонија, но додаде дека добил информации за нови притисоци од Софија за наводни опасности доколку извештајот биде изгласан.

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент утре треба да гласа за усвојување на предлог-извештајот за напредокот на Македонија подготвен од страна на европратеникот и известувач за земјава Томас Вајц. Гласањето првично требаше да се одржи на 4 јуни, но на предлог на Вајц беше одложено.

Европратеникот нагласи дека бил сведок на интензивни политички дебати поврзани со извештајот, но дека апсолутно стои зад документот, за чии преговори и компромиси, како што рече, биле вклучени сите пратенички групи во ЕП.

Реклама

Како образложение на барањето за одложување на гласањето, Вајц рече дека целта е да им се даде можност на европратениците, особено оние од редовите на десничарските пратенички групи Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) и Европа на суверени нации (ЕСН), да ги ажурираат своите лоби-регистри.

Во предлог-извештајот за напредокот на земјава, подготвен од европратеникот Вајц, се наведува потребата од одржување на моментумот и се забележува дека земјава продолжува да покажува посветеност на евроинтеграцијата и усогласеност со политиките на ЕУ. Воедно, се повикува на брз напредок во преговорите и спроведување на уставните измени. Во нацрт-документот, дополнително, постојат неколку референции за признавање на македонскиот јазик и идентитет.