Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

САД нападна три нуклеарни објекти во Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ги „уништил“ главните нуклеарни објекти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ги „уништил“ главните нуклеарни објекти на Иран во воздушните напади извршени во текот на ноќта. Трамп, во телевизиско обраќање до американскиот народ, во придружба на потпретседателот Џеј Ди Венс, секретарот за одбрана Пит Хегсет и државниот секретар Марко Рубио, ги нарече нападите „спектакуларен воен успех“, при што биле уништени трите главни ирански нуклеарни објекти — Натанц, Исфахан и Фордо.

    Трамп ја предупреди иранската влада дека ќе се соочи со уште посилни напади доколку не прифати мир.

    Од друга страна, високи ирански извори изјавија за Ројтерс дека поголемиот дел од високо збогатениот ураниум на локацијата во Фордо бил отстранет пред нападот на САД. Ројтерс исто така објави дека бројот на персонал во подземниот објект во Фордо е намален на минимум, а пред неколку дена во областа на овој нуклеарен објект биле видени камиони кои веројатно ваделе ураниум.

    Реклама

    Иранските власти тврдат дека објектите претрпеле само површна штета.

    „Настаните од утрото се скандалозни и ќе имаат долгорочни последици“, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи, нарекувајќи ги американските напади тешко кршење на Повелбата на ОН, меѓународното право и договорот за неширење на нуклеарно оружје.

    „Иран ги задржува сите опции за одбрана на својот суверенитет, интереси и народ“, изјави шефот на иранската дипломатија.

    Одговарајќи на прашања од новинари на денешната прес-конференција во Истанбул, Аракчи рече дека утре во Москва ќе се сретне со претседателот Владимир Путин.

    „Русија е пријател на Иран. Имаме стратешко партнерство и секогаш се консултираме едни со други и ги координираме нашите ставови“, рече Аракчи.

    Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изрази длабока загриженост за употребата на сила од страна на САД, предупредувајќи дека ова претставува опасна ескалација во веќе напнатиот регион. Тој повика на воздржаност и дијалог за да се избегнат катастрофални последици.