Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Нема докази дека Палевски ги убил Панче и Вања, тврди неговиот адвокат во завршен збор

Обвинителството да има 10 години, нема да докаже дека Љупчо Палевски-Палчо ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителството да има 10 години, нема да докаже дека Љупчо Палевски-Палчо ги убил Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, и затоа побара првообвинетиот да биде ослободен од вина побара неговиот адвокат Јовица Страшевски.

  • „Предлагам обвинетиот Љупчо Палевски да се ослободи од вина, бидејќи според обвинителниот акт не е јасно какви дејствија преземал.  Околу целата постапка ниту преземал одредени дејствија кои му се ставија на товар со другите обвинетите, а ниту поттикнал, ниту наведувал другите обвинети да сторат нешто.  Иако истрагата не беше почната, пресудата беше донесена, а медиумите истото го пренесуваа без пресумпција на невиност. Јавноста креираше јавно мислење со предвремена пресуда за обвинетиот.  Обвинителството не докажа ниту разумно сомневание ниту докажа тоа што му го става на товар на Љупчо Палевски“, рече Страшевски во завршниот збор.

Тој рече дека обвинителниот акт е непрецизен и паушален, а немало никакви докази за неговата вмешаност и вина.

  • „Палевски е обвинет со обвинителен акт со само 17 докази а нема ниту еден конкретен доказ дека ја докажува неговата вина која му се става на товар. Докази во овој судски процес не постојат“, додаде тој.

Потоа Страшевски ја спомена прес-конференцијата во Обвинителството каде скопскиот обвинител Гаврил Бубевски и тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски споделија детали од истрагата.

Реклама
  • „Прва грешка јавно на прес конференција, беше прекршена уставно загарантираната пресумпција на невисност. Со таа прес конференција кога истрагата не беше ниту отпочната Палевски и цела партија јавно беа осудени, а медиумите го пренесуваа да внимаваат на пресумпција на невиност и уставот“, рече тој.

Потоа, тој презентираше снимки на кои се гледаат Велибор Манев и Боре Видевски.

  • „Се поставува прашањето зошто е убиена Вања, а не Миња, ќе додадам. ОЈО не докажа зошто било грабнато девојчето. Бев често прашуван како адвокат, зошто киднаперите се одлучиле да ја грабнат Вања, или биле двете девојчиња? Прашања кои не беа одговорени ниту од МВР ниту од ОЈО. Дали Кешишев тргнал со полицијата да го откопува телото на Вања и дали притоа свесно биле уништени голем број докази?“, рече Страшевски.