Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

🎥 Мерко пред пресуда – Обвинителството бара казна за незаконско поставување директори

Судот да го прогласи за виновен и да го осуди Рамиз Мерко,предлага…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судот да го прогласи за виновен и да го осуди Рамиз Мерко,предлага јавното обвинителство бидејќи незоконското поставување на директори долгорочно влијание врз образовниот систем.Обвинителите ценат дека поставувањето на директори во основите училишта во струшко не смее да остане неказнето.Мерко во повеќе наврати именувал вршители на должност кршејќи го законот.

” Таквото постапувањe претставува флагрантно прекршување на службените овластувања и покажува висок степен на несовесно постапување што дирекно довело до нарушување на легалноста на функционирањето на образовните установи и создавање институционална нестабилност.Обвинетиот свесно ги повредил законските прописи и ги исполнил елементите на кривино дело несовесно работење”, изјави Валнеса Бизати Биљаљи – јавен обвинител:

 “Дали ако има ослободителна пресуда ќе ја обжалите? Да,за тоа нема двоумење”-вели Џемал Лога,обвинител

Реклама

Бидејќи наставниците немале интерес да станат директори,според одбраната Мерко морал да поставува вршители на должност,ама тоа не го правел сам туку во координација со неговиот сопартиец,екс министерот за образование Јерон Шаќири.

“Па нели е нелогочно да се тврди дека обвинетиот го прекршил законот, а ресорниот министер за образование на тоа воопшто не реагирал да му ги одземе ингеренциите на градоначалникот па тој наместо него да назначува директори согласно неговите надлежности. За решавање на проблемот Мерко многу пати апелирал и разговарал со министерот Шакири кој пак ги предлагал луѓето кои подоцна беа назначани на директорски позиции.”, вели Игор Петковски-адвокат на Разим Мерко.

Утре судот ќе донесе пресуда за незаконското поставување директори во Лабуништа, Радолишта и Подгорци,а за другите училишта судењата се во јули.Во меѓувреме сеуште е актуелна осободелната пресуда за Мерко во случајот со набавката со луксузниот автомобил ауди А6 во вредност од 67.000 евра која јавното обвинителство ќе ја обжали.

” Таа пресуда не смее да ја коментира никој се додека не стане правосилна такви се правилата и затоа јас она што имав да го кажам го кажав во образложението  на пресудата, а понатаму незадоволната страна има право на жалба и тоа ќе биде предмет на разгледување од стана на повисокиот суд”-вели Јордан Јиванов-судија

Ослободителната пресуда за набавката на луксузниот возен парк, тежок околу 114.000 евра не е праведна и не само што не ја задоволува правдата, туку уште повеќе ја намалува довербата која што ја имаат граѓаните во судството-коментираат познавачите на правосудниот систем.