Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Пофалби за обновениот пат од Охрид до Св. Наум

Реконструкцијата на магистралниот пат Охрид-Свети Наум,проект кој што конечно се реализира после…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реконструкцијата на магистралниот пат Охрид-Свети Наум,проект кој што конечно се реализира после цели 4 децении го поздравија охриѓани и бројните туристи. Нашите традиционални гости отворено кажуваат дека токму поради лошиот и небезбеден пат избегнувале да го посетат манистирскиот комплекс Свети Наум, други пак два пати размислсувале поред да тргнат по тој пат,а оние кои прв пат ја посетуваат дестинацијата се воодушевени.

Ова е уникатна дестинација,прв пат сме во Охрид и секоја интервенција на патната инфратрукура во охридскиот регион е многу важна бидејќи има многу туристи, а тоа е значајно за Македонија.-Ние доаѓаме често пати во Охрид во овие последни 55 години откако сум во Австралија тука имаме дојдено најмалку 25 пати и баш сум задоволен пред 2 дена слушнав на телевизија и сум многу благодарен што го направиле патот, не само за мене туку за целата Република Македонија бидејќи оваа дестинација е најважна за туризмот.-Нешто убаво за поарно да вози човек и посигурно.-Неубав беше многу кривини.-Последно јас бев 2023-та и многу тешко беше оти неможеше да се премине од една до друга страна и тоа беше многу опасно.Уште кога видовме на телевизија дека патот е направен и пуштен,многу се израдувавме

Експертите го нагласуваат значењето на овој патен правец бидејќи ја поврзува дестринацијата и со соседна Албанија.

Реклама

Како регионален, утре се надевам дека ќе влезе и во магистрална патна мрежа бидејќи има спојка со друга држава и тоа ни е многу важно, бидејќи влегувањето во Албанија значи и влегување во многу стратешки места во самата Албанија,од Корча до Тирана до самото море –вели Љупчо Милкоски,аналитичар за безбедносни појави

До пoчетокот на главната туристичка сезона во употреба ќе биде пуштен и дел од автопатот Охрид-Кичево од Врбјани до Охрид, со исклучок на Ботун, а компетно овој важен инфраструктурен проект ќе биде завршен до крајот на 2026 година.