Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

Иран и Израел наизменично напаѓаат со бранови ракети и беспилотни летала

Врие на Блискиот Исток. Израел и Иран меѓусебно се напаѓаат петти ден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Врие на Блискиот Исток. Израел и Иран меѓусебно се напаѓаат петти ден по ред, при што Доналд Трамп им порача на сите жители на Техеран да се евакуираат. Израелската војска објави дека Иран и утрово лансирал проектили кон Израел, при што имало експлозии и во Тел Авив и Ерусалим.

Трамп си замина од самитот на Г7 во Канада еден ден порано поради кризата на Блискиот Исток, а претходно ги повика Иран и Израел да склучат примирје. „Дадена е понуда, особено за примирје и за почнување пошироки разговори. Мислам дека ова е многу добар предлог, па сега треба да видиме што ќе направат засегнатите страни“, кажа францускиот претседател Емануел Макрон.
Два ирански извора изјавија за „Ројтерс“ дека Иран побарал од Катар, Оман и Саудиска Арабија да го притиснат Бенјамин Нетанјаху да прифати моментално примирје. Иран во замена би покажал флексибилност во нуклеарните разговори.

Иранските медиуми известија за силни експлозии во Техеран утрово, а противвоздушната одбрана била активна и во Натанз, каде што се наоѓа една од најважните ирански нуклеарни постројки. Израел вчера ја бомбардираше зградата на иранската државна телевизија, при што загинале две лица. Телевизијата продолжила да емитува програма неколку часа по нападот.