Реклама
Свет

Израел и Иран продолжија со меѓусебните напади – 287 повредени Израелци пренесени во болници

Иранските проектили ноќта ги погодија Тел Авив и Хаифа, при што загинаа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иранските проектили ноќта ги погодија Тел Авив и Хаифа, при што загинаа најмалку пет лица, а 287 повредени во воздушните напади се пренесени во болници, соопшти израелското Министерство за здравство. Неколку станбени згради во густо населено подрачје на Тел Авив се уништени, на стотина метри од огранокот на американската амбасада во градот.

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека во последниот напад применила нов метод кој ги натерал повеќеслојните одбранбени системи на Израел да се гаѓаат едни со други. Израелските власти повторно нагласија дека одбранбениот систем „Железна купола“ не е стопроцентно ефикасен и предупредија на тешки денови.

Израелската војска утрово извршила нови напади врз командни центри на Револуционерната гарда и иранската војска. По израелските напади врз Техеран, многу жители се обидуваат да го напуштат градот и да побараат засолниште во пооддалечени области. Продавниците се затворени, а на бензинските пумпи има долги редици, јавува дописникот на Би-Би-Си од Иран.