Реклама

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Свет

ВИДЕО: Одмазнички напади на Иран врз Израел, во Тел Авив повредени неколку лица

Иранските одмазднички ракетни напади врз Израел предизвикаа потреси во зградите и повредија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иранските одмазднички ракетни напади врз Израел предизвикаа потреси во зградите и повредија седум лица во близина на Тел Авив, додека Техеран тврди дека погодил десетици воени цели.

Според Ели Бин, директор на израелската служба за итни случаи „Маген Давид Адом“, седум лица се „лесно и умерено повредени“ во напад на границата меѓу Тел Авив и градот Рамат Ган.

Поранешниот израелски амбасадор во САД, Мајкл Орен, за Си-Ен-Ен изјави дека зградите во Израел вечерва „значително се треселе“, за време на иранските напади. Тој и неговото семејство се наоѓале во безбедна соба по предупредувањата добиени преку мобилен телефон, кои ги информирале за очекуваните напади и упатствата за постапување. „Очекуваното пристигна“, додаде Орен, истакнувајќи ја ефикасноста на израелскиот противракетен систем „Железна купола“, кој пресретнал дел од иранските ракети. Според него, од 100 лансирани ракети, само пет до седум погодиле цели, што е „во рамките на очекуваното“.

Реклама
https://twitter.com/Vikasmakwana111/status/1933613606714691634

Иранската новинска агенција ИРНА објави дека Техеран лансирал „стотици балистички ракети“ кон Израел, означувајќи го нападот како почеток на „разорен одговор“ на денешните израелски напади. Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека операцијата, наречена „Вистинско ветување 3“, погодила „десетици цели, воени центри и воздухопловни бази“ во Израел, додавајќи дека дополнителни детали ќе бидат објавени наскоро.