Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Бизнис

Македонија го трасира патот кон транзитна точка на гас во Европа

Македонија го трасира патот кон транзитна точка на гас во Европа. Договорот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија го трасира патот кон транзитна точка на гас во Европа. Договорот за гасоводот кон Грција, чија реализација стартуваше неодамна е голем чекор напред во планот за диверзификација на изворите за снабдување со гас. Кумановската Рапид – Билд веќе работи на најголемиот енергетски проект кој треба да биде готов за помалку од две години. Интерконекторот со Грција на Македонија треба да и обезбеди посигурно снабдување со природен гас, но уште поважно  и алтернатива за снабдување бидејќи во моментов единствено добиваме гас преку Бугарија. Стартот на проектот се ветуваше уште од страна на владата на СДСМ и ДУИ но по низа контроверзи доживеа неусоех. Сега со новата Влада работите беа вратени на вистинскиот колосек:

Гасоводот за Македонија ќе донесе алтернатива, но и можност преку поврзување со Србија да станеме и транзитна точка за дистрибуција на гасот кон север.
Скопје и Белград веќе потпишаа меморандум за соработка во делот на енергетиката, а водечки проект е токму интерконекторот. Амбициите на македонската влада е ова да се случи до крајот на актуелниот мандатот:

Mакедонскиот дел од интерконекторот со Грција е во должина од 68 километри – од Гевгелија до Неготино и  треба да се поврзе со грчката страна каде што градежните активности ги работи компанијата „Терна“. Вкупната должина на целиот гасовод е 123 километри и тој треба да се протега од Неа Месимвриа кон Неготино преку Гевгелија.